Радио Милева рамбо во жалост

Тага во домот на актерот: Почина мајката на Силвестер Сталоне

Тага во домот на актерот: Почина мајката на Силвестер Сталоне

Мајката на познатиот актер Силвестер  Сталоне, Џеки Сталоне почина на 99 години, пишуваат странските медиуми.

Не се познати деталите за нејзината смрт. Таа е родена како Жаклин Френсис пред 98 години во Вашингтон, а на само 15 години избегала од дома.

Била опседната со вежбање и кревање на тегови, па кога пораснала отворила теретана наменета за жени.

Беше еден од создавачите на телевизиското шоу „ “G.L.O.W., The Gorgeous Girls of Wrestling”, кое се прикажуваше во текот на 80тите, а отсекогаш сакала фитнес и женски натпреварувања.

фото: профимедиа

 Сепак, нејзина наголема страст е астрологијата, па напиша книга: „Ѕвездената сила: Астролошки водич за успех“ која е објавена во 1989 и влезе во училишната литература.

Сѐ до смртта вежбаше и често објавувала видеа на својот Инстаграм во кои крева тегови, а честопати истакнуваше дека се чувствува многу младо. Таа сакаше да изгледа што е можно помладо, па направи многубројни пластични операции, кои ѝ го уништија изгледот.

To top