Квалитетот, професионалноста, уникатноста… се малку зборови да се опише зошто ТВ водителката Лила Филиповска со години остана на врвот од македонското водителство.
Токму поради тоа, вчеравечер на доделувањето на наградите на македонското издание на магазиниот „Стори“ кое се одржа во еден скопски хотел, таа ја доби наградата за ТВ личност за 2017 година.
За таа прилика, Лила пред присутните се појави во ултра впечатлив коктел фустан, чија авангадрна изработка направи таа да изгледа беспрекорно.
Како црн лебед, Лила со стил, шарм и голема доза женственост ја износи креацијата изработена од модната куќа „Елена Лука“-тим со кој соработува со години.
Лила уште еднаш покажа и докажа дека не само што е оригинална пред камерите, туку е посебна во секој поглед, особено кога модата и стилот се во прашање.
А за поубаво да им долови на своите следбеници на социјалните мрежи како изгледаше на оваа вечер, објави видео на кое се сврти од сите страни за да целосно да ја долови магијата.