Иако поради коронавирусот оваа година нема вообичаени летни одмори, Сузана Турунџиева го искористи ова лето за да ужива во убавините на Македонија и да ги посетува природните македонски убавини.
Така, Сузе неодамна оствари средба со македонската хероина од „Медена земја“, Атиџе Муратова, а како што истакна самата ова е најдоброто нешто што и се случило во 2020та година.
Турунџиева преку фотографи и видео на кое ја пејат „Македонско девојче“ објасни како изгледала нејзината посета кај Атиџе.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/suzana-turundzieva-na-gosti-kaj-atidze-ova-e-najdobroto-koe-mi-se-sluchi-vo-2020-godina-foto-video/
Дека оваа средба поставила впечаток кај македонската водителка и писателка покажува и тоа што Турунџиева деновиве повторно сподели еден момент од оваа гостување кај хероината кој беше номиниран на „Оскарите“.
Имено, Сузе на својот „Фејсбук“ им се обрати на оние кои ја критикуваа дека ја посетила Атиџе поради маркетинг, а на оние кои се израдуваа на нејзината посета им подари видео на кое заедно со Муратова ја пејат „Чекор по чекор“.
Знам дека многумина се израдувавте на сликите и видеата со Атиџе, ама добро знам дека има и такви кои превртувавте очи и коментиравте дека сум отишла таму за да си правам маркетинг… Е па вам (на вторите) не чувствувам никаква потреба да ви објаснувам зошто бев и како стигнав до таму, а за оние првите, кои се радуваат на се што е добро и кои ја сакаат Атиџе им го подарувам хитот на Атиџе “Чекор по чекор”. Радоста и задоволството да бидат обострани“.
Меѓутоа, тоа не беше се, па Сузана продолжи да споделува убави моменти од средбата, а овој пат сподели како Атиџе пее турска песна.
„Сакам со вас да споделам уште една убост за Атиџе. Кога и реков дека ми е многу интересно што како Турчинка сите песни кои ги има компонирано (Чекор по чекор и Јас ќе одам мајко“) се на македонски јазик, таа веднаш посака (за сите пријатели Турци) да испее една стара турска песна“, пишува водителката во описот, а како изгледаше тоапогледнете во видеото подолу.