И покрај корона опандемијата и неможноста да се замине на море на посакуваните дестинации, летово сепак се изнагледавме фотографии од познатите пејачки во бикини, па редот дојде и на Лепа Брена. И да бидеме искрени за нејзини години, таа се „држи“ одлично.
Но, по се’ изгледа за таквиот изглед најзаслужен бил нејзиниот верен пријател во последно време, неговото величество – Фотошопот.
Тоа најдобро може да се види и по последната фотографија која ја објави познатата пејачка на својот профил на Инстаграм, каде позира во едноделен бел костим за капење на јахта.
И нормално, Брена на фотката изгледа фантастично, но ако малку повеќе ја анализирате ќе забележите дека тука и тоа како „заиграл“ фотошопот.
Погледнете ја балканската фолк кралица, ама погледнете и малку подобро околу неа… И ќе забележите дека Лепа Брена „ги искриви“ гелендерите на јахтата, на кои се потпира!
Фотошопот е добар, ама треба да знаеш како со него!