Познатата српска пејачка Љупка Стевиќ на своите Инстаграм приказни објави шокантно видео на кое се гледа како му ги издупила гумите, изгребала каросеријата и искршила задното ветробранско стакло на автомобилот и џипот за кој вели дека му припаѓаат на нејзиното поранешно момче, со кого биле во врска 10 години, а кое го фатила во прељуба.
„Попусто потрошив десет години поради ско*от по*ран! Нека знае целата нација! Не се срамам, а срам ми е“, напишала Стевиќ на фотографијата каде е со човекот за кој зборува и за кого тврди дека е припадник на полицијата од висок ранг, со генералски чин.
На видеото се гледаат искршени ветробрански стакла, дупнати гуми на автомобилот „Ауди А6“, скршени се сите стакла, скршен е ретровизорот, а оштетен е и теренецот „Ланд Крузер“. Двата автомобила, наводно му припаѓаат на нејзиниот поранешен љубовник и членовите на неговото семејство.
„Така завршува автомобилот на еден е*ач“ – вели пејачката во видеото.
„Вака завршува е*ач на батерии. Изберете девојки кому ќе му дадете 10 години од својот живот“ – напишала Љупка Стевиќ, додека на фотографијата се гледаат уништените автомобили.
Подоцна пејачката објави и видео од Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград, на кое се гледа дека таа била таму околу два часот по полноќ, каде што завршила откако ја повредила раката, која и е завиткана во завој.
„Само неколку копчиња, но јас ќе преживеам“, рече пејачката, која освен што нагласи: „Ова е само почеток“, не објасни дали самата се повредила при кршењето на автомобилските стакла или некој друг и ја нанел повредата?!