Војводата од Сасекс, принцот Хари го прослави својот 36 роденден во новиот дом во Лос Анџелес, а изгледа неговото семејство не го заборави овој важен датум во неговиот живот.
Имено, на официјалниот „Инстаграм“ на кралското семејство осамна честитка за роденденот на Хари.
„На војводата од Сасекс му посакуваме среќен роденден“ стои во описот на фотографијата.
View this post on Instagram
Кон роденденските пораки се приклучија и принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон.
„Денес, му посакуваме многу среќен роденден на принцот Хари“, пишува на „Инстаграм“.
View this post on Instagram
На фотографиите со кои кралското семејство го честиташе на војводата не се појавува Меган Маркл, па отука започнаа шпекулациите дека таа е виновна за конфликтот меѓу членовите на семејството.
Инаку, на почетокот на годината Меган и Хари се повлекоа од кралските должности.