ТВ водителката Марјана Станојковска последните септемвриски денови од летото ги минува покрај Охридкото езеро и тоа семејно во Трпејца.
Имено, таа е заедно со нејзината мајка и сестра во еден хотел покрај плажата, а изненадување беше што Мрјана за првпат покажа некого од најблиските.
Овој пат расположена за фотографија во костим за капење беше само мама, која позираше со својата ќерка.

Многумина веднаш коментираа дека Марјана личи на мајка си.

Насмеани, со очила за сонце од хотелската тераса со поглед кон езерото, тие позираа за спомен, а фотограф беше сестрата на водителката која сепак не се реши да влезе во кадар и да се покаже пред бројните следбеници на нејзината позната сестра.