Српската поп пејачка Јелена Карлеуша им се враќа на настапите, а на нејзината агенда за старт беше Македонија, односно Охрид.
Изминатиот период таа заедно со тетка си и ќерките одмораше во Турција, а откако ги наполни батериите на море, Карлеуша и се враќа на кариератапод полна пареа, а го подготвува и новиот албум.
За своите обожаватели на Инстаграм сподели снимка најпрвин за време на летот и кадар од Охридското езеро, но и од внатрешниоста на авионот, а фановите веднаш им порачаа на оние што не ја сакаат: „Извинете хејтери“.
View this post on Instagram
Откако слета на охридскиот аеродром, слдеше ново позирање, овој пат и од позадина, па поздрав до фановите.
Како поминал настапот, не покажа ниту една фотографија или снимка, но затоа утрово откако летна кон Белград, за довидување повторно го снимаше Охрид.