Македонскиот култен хеви метал бенд „Санаториум“ се враќа на сцената со нова песна, моќна, брза и енергична, насловена „Параноја“.
Новата композиција на Санаториум е во целост авторско дело на членовите на бендот Перо Стефановски, Горан Атанасов, Горан Станковиќ, Бобан Василески и eкс- гитаристот Константин Качев.
Во снимањето на „Параноја“ учествуваа Бобан Василески, Александар Стефановски и Дарко Дарковски, а миксот и мастерингот се дело на Александрос Крисидис.
Видео продукцијата е на тапанарот Горан Атанасов.
Вака звучи и изгледа кога „Санаториум“ шират звучна „Параноја“: