Сите навикнаа на секојдневната голотија од Јелена Карлеуша, но сега таа изненади со нешто сосема поинакво и надвор од нејзин стил.
Таа ја објави фотографија од детството и опиша дека ја нервирало што растела во сиромаштија и што гледа како се измачува нејзиното семејство.
Таа рече дека била најпогодена кога ги гледала нејзината мајка и тетка како страдаат, исто така кажа дека не била дете со разни барања.
Единствено што барала е да веруваат дека ќе стане најголемата sвезда во Србија.
-Кога бев мала најмногу ме нервираше немаштијата. Ме убиваше да ги гледам мајка ми, тетка ми и баба ми како се мачат. Бев скромно девојче кое не им бараше ништо… освен да веруваат дека еден ден ќе успеам. И ми веруваа. Успеав. За нив.- пишува Јелена Карлеуша.