Пејачката Тања Савиќ поминува низ драма откако нејзиниот сопруг Душан и ги одзема децата и го однесе во Австралија, а сега пејачката се соочува со нови проблеми.
Имено, како што дознава ало.рс, Тања се плаши дека нејзиниот сопруг ќе ги исполни заканите и ќе ги објави нивните секс снимки.
Наводно, Душан неодамна и се заканил на пејачката дека со порно снимките ќе и ја уништи репутацијата доколку не престане да се огласува во јавност.
„На Душан му беше тешко што не може да ја контролира Тања и конечно да престане да зборува за лошите работи кои и правел. Не очекуваше дека по 9 години брак ќе открие се јавно. Досега тој и кажуваше што ќе каже во јавност, па сега се почувствува загрозено, збесна и се сети дека ќе може Тања да ја стопира доколку ја понижи пред синовите и семејството“, вели извор и додава дека Јованчевиќ и се заканил на сопругата дека во јавност ќе ги објави снимките од секс кои настанале на почетокот на нивната врска.
„Од страв дека Тања ќе каже се што физички и психички претрпела, ја потсети дека ги чува сите секс снимки. Индиректно ја потсети како им било убаво додека се снимале и порача дека многумина би сакале да ја видат во такво издание. Беше шокирана бидејќи таа е мајка на неговите деца. Почна да плаче и да вика на него дека го мрзи. Тој и се закани дека би било срамота децата во училиште да ги прозиваат поради нејзините порно видеа“ тврди изворот за ало.рс
Тој додава дека пејачката е во страв и поради срам не може да се обрати на полицијата.
„Беше млада кога ги прифати сексуалните игри на Душан, иако никогаш не беше тој тип на девојка. Некои снимки настанаа пред да добијат деца, а некои подоцна. Никогаш не беше полошо, а не ги слуша советите на пријателите да и се обрати на полицијата“ додава изворот.
Тања не одговарала на пораките и повиците за да ја прокоментира оваа информација.