Рускиот борач Заурбек Сидаков доживеа шок среде венчавка кога на телефон доби неколку разголени фотографии од неговата идна сопруга Мадин Плијева, тврдејќи дека таа се занимава со проституција.
Бесан Сидаков започнал да ги растерува гостите од свечената сала, а голите фотографии и тврдењата за проституција почнаа да пристигнуваат на телефоните на гостите.
Странските медиуми јавуваат дека во моментот кога пристигнале пораките, невестата била пред салата, а тој потрчал по неа и, според изворите, започнал да ја влече за коса и да ја принудува на веќе пропаднатото венчавање.
Семејството на невестата ја однеле во болница, а исто така се медиумите наведуваат дека нејзиниот татко доживеал срцев удар среде скандалот.
Пријателите на Мадин тврдат дека ниту едно од овие тврдења не е точно, но исто така и дека голите фотографии се направени кога таа била во врска со оженет човек, на кого му ги испратила.
Сликите наводно ги испратила сопругата на мажот чија што љубовница била Мадин.