Радио Милева

(ФОТО) Анастасија Петреска имаше голем повод за славење, а свршеникот дополнително и го стори ќефот!

(ФОТО) Анастасија Петреска имаше голем повод за славење, а свршеникот дополнително и го стори ќефот!

На дамите, секако не им се бројат годините… но кога животот доаѓа до некоја јубилејна бројка, тогаш на сите, не само на припадничките од понежниот пол, не ни е баш сеедно, особено кога напред доаѓа 3-ка.

Но секоја животна доба си носи своја убавина, па така и за фолк-пејачката Анастасија Петреска која на 18-ти март викендов, го прослави својот јубилеен 30- ти роденден.

Таа на социјалните мрежи, скромно објави само една фотографија, без многу роденденска помпа, а на истата се гледа тортата на која има декорација од микрофон, бројот на годините, како и балони во форма на роденденскиот број.

Освен тоа, на масата се гледа и кутија од накит, како и една украсна кеса, кои претпоставуваме дека се изненадување од нејзиниот тазе свршеник, пејачот Владимир Поповски од групата „Биоритам“.

Инаку, новата четврта животна деценија, Анастасија ја почна како свршена жена, а дали оваа година ќе се случи и свадбата, останува да видиме…

To top