Радио Милева

До врвот: Милена Антовска и Ирена Спировска во поинаква летна авантура (фото)

До врвот: Милена Антовска и Ирена Спировска во поинаква летна авантура (фото)

Пандемоајта со коронавирусот кој во светот се појави на крajот на претходната година, а во Македонија се појави во март ни стави кочница на секојдневниот живот, обврски и ни го промени нормалното наметнувајќи ново нормално.

Токму и поради короната оваа лето повеќето го поминуваат на домашен терен, односно на плажа во нашиот Охрид, Дојран, или пак во Маврово.

Македонските водителки Милена Антовска и Ирена Спировска освен тоа што го искористија времето да се релаксираат на плажа, тие го искористија и да планинарат.

Добро, за Спировска ова не е ништо ново и поразлично, но и топлите летни жешки денови ги искористи за да стигне до врвот.

Водителката Милена Антовска заедно со планинарска екипа се искачи на врвот Лакосигној на Галичиц,  а на „Инстаграм“ сподели неколку фотогрфии од убавина истакнувајќи дека кога пристигнала до врвот морала да се штипне бидејќи не знаела дали сонува или она навистина се случува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MILENA ANTOVSKA STANKOVSKA♑ (@milena_antovska) on

Од друга страна пак, Ирена Спировска повторно се пушти во авантура со искачување на врвот Голем Крчин (2341 надморска височина) кој се наоѓа на планината Крчин.

И двете водителки стигнаа до врвот, а како што вели нардоната – „Во здраво тело, здрав дух“.

фото: принтскрин/инстаграм/миленаантовска/иренаспировска

To top