Дритон Вејсели или познат како рецепционерот Талат од „Преспав“ ја освои ТВ публиката со оваа улога во македонската хит серија.
Талат со својот хумористичен, интересен, забавен лик ги освои срцата на публиката, па стана еден од омилените актерти на гледачите, а неговите смешни сцени, коментари реакции, изрази на лицето, гестови, гегови и фаци, ќе ве насмеат до солзи.
Дритон има профил на социјалните мрежи, но не е толку активен и многу ретко објавува фотографии од својот приватен живот, од своите активности.
Еден од исклучоците беше фотографијата со неговата мајка, а повод тогаш беше нејзиниот роденден.
„Среќен роденден мамо“, напиша тој покрај фотографија на која е со неговата мајка во еден ресторан.
Инаку, родителите на Талат се сопственици на една позната слатакарница во Скопје, а како што истакна тој во една прилика рецептот за сладолед е нивна мала семејна тајна.
Вејсели има и двајца браќа, а најмалиот од нив се занимава со музика.
Почна и 5-тата сезона на „Преспав“, а гледачите во нетрпение ги очекуваат случувањата низ кои минуваат ликовите во новите епизоди.