Македонскиот млад пејач и учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Огнен Здравкоски беше заболен од коронавирус.
Тој оваа вест ја обелодени на социјалните мрежи истакнувајќи дека е позитивен на Ковид 19.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/ognen-zdravkoski-e-pozitiven-na-koronavirus-se-oglasi-od-bolnica-foto/
Пејачот две недели беше во изолација и по 16 дена повторно направи тестови кои покажаа дека е негативен и дека се излекувал од вирусот.
„Корона чао. Конечно после 16 дена заврши и ова зло… Го победив “COVID 19” (Корона Вирус)!!! 2 НЕГАТИВНИ ТЕСТА!!! Луѓе, држете дистанца, носете маски и чувајте се“, напиша тој во описот на фотографијата на која е тестот.
Веднаш откако оздраве и покажа дека е негативен, пејачот замина во фризерски салон да се поднови со фризура.
„Прва работа после 16ти ден дома. Во рацете на најдобриот“, напиша Огнен во кусите приказни на „Инстаграм“.
Потсетуваме, мајката на Здравкоски, Софче Џорлева исто така беше заразена со корона, а по две недели лекување на инфективна клиника таа ја победи битката со вирусот.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/ognen-zdravkoski-se-obrati-do-site-koi-ne-veruvaat-deka-postoi-korona-i-istakna-deka-negovata-majka-po-dve-nedeli-na-infektivna-go-pobedila-virusot/