Радио Милева

Во Охрид е шема да си на фенси глисер, а Андријана Јаневска е на чамец од Втора светска војна (фото)

Во Охрид е шема да си на фенси глисер, а Андријана Јаневска е на чамец од  Втора светска војна (фото)

Коронавирусот на сите ни ги смени плановите за ова лето ама колку толку најголемиот дел од Македонците не пропуштија да бидат покрај езеро, особено охрдското.

Пејачката и виолинистка, Андријана Јеневска изминатите месеци најмногу се сончаше во својот двор во скопско Бардовци, но сега конечно отвори сезона како што е ред.

 

View this post on Instagram

 

Let the sun shine Let the sunshine in The sun shine in ☀️

A post shared by Andrijana Janevska (@andrijana_janevska) on

Замина во Охрид, се облече во бикини, ги понесе сите потребни реквизити за на плажа и во вода, а потоа се разбира не пропушти да направи и по некоја фотографија од лето 2020-то и да ги објави на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

Summertime and the livin’ is easy ☀️

A post shared by Andrijana Janevska (@andrijana_janevska) on


На едната иако не баш се гледа дека се вози по езерската шир со чамец и тоа не било каквов, туку од дамнешно време, па напиша:

-Со војнички чамец на Денот на Армијата на Република Македонија. Не сум фенси и немам глисер. Чамецов е од Втора светска војна. Нема смрт!- пишува Андријана.

Чамец како чамец, но доживувањето останува…

To top