Младите момчиња од „4U Band“ од Кавадарци ја објавија нивната прва авторска песна и видео запис, насловена „Дај Замижи“.
Се работи за тројца млади момчиња Борис Илов – гитара и вокал, Борис Грков – гитара и Оливер Миленковски – кахон.
Тие досега само преработуваа песни, а сега ја објавија својата прва авторска песна чија музика и текст се на Борис Грков, аранжнанот е заеднички на сите од групата, како и на Столе Аврамов кој исто така ги снимаше и правеше микс и мастеринг во своето студио,а познатата поп-пејачка и нивна сограѓанка Наташа Малинкова ги отпеа придружните вокали.
Видеото пак е во исработка на „Бајка“.