Саша Ковачевиќ е еден од најпопуларните пејачи во регионот, па неговите песни и спотови фановите со нетрпение едвај ги чекаат. Тој секогаш знае да им возврати и да да ги испочитува со нова песна!
Овој пат тоа е баладата „Без тебе ме нема“, чиј текст е на Бане Опачиќ, а музиката на самиот Саша и неговиот брат Раде, кои го направиле и аранжманот во што им помогнал Акис Елефтериадис.
Многумина сметаат дека песната потсетува на песните од почетокот на кариерата на Ковачевиќ, иако во неа има доста грчки мелос.
Видеото изгледа како вистински мини филм па откако беше поставено на социјалните мрежи и предизвика големо внимание. Приказната е проткаена со љубов, трагедија, болка и длабоки емоции, а Саша се наоѓа за прв пат во улога на татко. Неговата сакана доживува сообраќајна несреќа и умира…
Што ќе се случи понатаму…? Погледнете го видеото изработено од неговата СК продукција во режија на Мартин Макариев во продолжение: