Радио Милева случајна сличност?

Како Анџелина Џоли да ја родила: На помалата ќерка на Сузана Манчиќ како да и е мајка славната актерка, а не српската водителка (ФОТО)

Како Анџелина Џоли да ја родила: На помалата ќерка на Сузана Манчиќ како да и е мајка славната актерка, а не српската водителка (ФОТО)

Познатата српска ТВ водителка, пејачка и некогаш многу популарна лото девојка Сузана Манчиќ и самата кариерата ја градеше така што низ неа и се провлекуваа мразни скандали и афери од приватниот живот. Од менувањето мажи, љубовните афери и разводите, преку фотографирањето за „Плејбој“ и домашните секс видеа кои осамнаа во јавноста, па се до „оросувањето на вагината и анусот“…

Но, годините го прават своето, па сега наместо таа нејзините две ќерки се многу повеќе во фокусот на вниманието иако ниту немаат јавна професија и ниту оддалеку не се познати како нивната мајка.

Постарата ќерка на презентерката Сузана Манчиќ, Теодора Куниќ, тајно се омажи за 20-години повозрасен  бизнисмен во Лас Вегас, но по некое време се разведе.
Како што се шпекулираше, дури по завршувањето на церемонијата во Лас Вегас, Манчиќ дознала дека нејзината ќерка се омажила, што ја шокирало.

На Сузана и било жал што не присуствувала на свадбата на нејзината ќерка, а особено што воопшто и не знаела дека Теодора ќе се омажи.
Сепак, бракот на ќерката на Сузана со богатиот Американец не траеше долго, па решија да и стават крај на љубовта, по што Теодора се разведе минатата година.

Дека ќерките на водителката привлекуваат големо внимание, доказ и новата приказна која се провлекува во медиумите. 

Имено, голем дел од српските и регионалните портали и естрадни ТВ магазини велат дека Наталија, помладата ќерка на Сузана Манчиќ е плукната Анџелина Џоли. Таа наводно толку личи на неа, што излегува како да и е мајка славната актерка, а не српската водителка.

Впрочем, еве ја заедничката фотографија на мајката (Сузана Манчиќ – во средина) и ќерките (Теодора – најдолу и Наталија – во гро план), па погледнете ја и проценете самите дали медиумите имаат право?

 

To top