Радио Милева

Софче Џорлева ја победи битката со коронавирусот: „2 недели лежеше на “Инфективната Болница” , со кислородна поддршка, со гушење и со многу намален капацитет на дишење“

Софче Џорлева ја победи битката со коронавирусот: „2 недели лежеше на “Инфективната Болница” , со кислородна поддршка, со гушење и со многу намален капацитет на дишење“

Пандемијата со коронавирусот не ја заобиколи ни естрадата, па така неколку познати беа заразени со Ковид 19.

Младиот македонски пејач Огнен Здравкоски неодамна откри дека е позитивен на корона, но дека неговата состојба е добра и се чувствува добро.

Меѓутоа, неговата мајка, познатата пејачка и учесничка во „Никогаш не е доцн“, Софче Џорлева исто така била заболена од вирусот и нејзината здравствена состојба била критичина.

Имено, Огнен се огласи на својот Фејсбук  до оние кои се уште не веруваат дека постои корона и објасни декатокму неговата мајка две недели на инфективна клиника се борела со Ковид 19.

„ДО СИТЕ ШТО НЕ ВЕРУВАТЕ ДЕКА КОРОНАТА ПОСТОИ!!!

Сите што ја познавате мајка ми Sofce Dzorleva , знаете каква жена е.. Секогаш позитивна, насмеана и секогаш со смисла за хумор, па така и успеа да ја победи битката со “COVID 19” (Корона Вирус) иако беше премногу критична и ништо не се знаеше!!! 2 недели лежеше на “Инфективната Болница” во Скопје, со кислородна поддршка, со гушење и со многу намален капацитет на дишење… Конечно после 12 дена со два негативни теста си дојде дома и ја победи битката со овој НАЈГАДЕН ВИРУС!!! БОГ е голем, фала му и слава му!!! Голема благодарност до целиот тим на Инфективно, што 24/7 се грижеше за неа и и помогнаа да ја победи оваа битка!!!“, стои во описот на фотографијата.

фото: фејсбук

Под објавата се нижеа коментари со поддршка до Огнен и неговата мајка.

To top