Радио Милева

Прва изјава на Романа Паниќ по излегувањето од затвор: „Доживеав линч“ (видео)

Прва изјава на Романа Паниќ по излегувањето од затвор: „Доживеав линч“ (видео)

Пејачката Романа Паниќ беше уапсена во Брезбејн, Австралија поради ограбување на банкомати.

На 1 август, таа излезе од затвор и беше депоритирана во Србија, односно во текот на вчерашниот ден се врати во Белград.

Таа за српските медиуми кратко изјави дека се чувствува добро.

„Зарем не гледате дека ми е убаво? Добро сум, благодарам на прашањето. Намерно се фотографирав за Инстаграм со очила и без очила. Среќна сум што дојдов, се уште трае еуфоријата, возбудена сум. Прекрасно е повторно да ги видиш семејството и пријатели“ изјави Романа и додаде:

фото: Принтскрин/јутуб

„Дури немам ни шмника, природна сум. Ќе зборуваме за тоа, сакам на сите да ви се заблагодарам. Доживеав линч, се уште не сум подготвена да зборувам за тоа. Тоа ќе ме чини. Не можам сега се да кажам, сакам да се одморам. Се уште не успеав се да прочитам“ изјави кратко Паниќ.

Додека многумина нејзини колеги беа изненадени со оваа постапка на пејачката, текстописецот Драган Брајовиќ Браја истакна дека ќе и напише песна и албум со кој ќе ја покори цела естрада

To top