Поради рестриктивните мерки за коронавирусот, излегувањето од државата за ова лето 2020-то е ограничено.
Изборот на многумина е релаксација и разладување во топлите денови на домашен терен, а најчест избор се: Охрид , Дојран и Маврово.
Така многумина од нашите познати, го искористија слободното време да уживаат на некоја плажа на домашен терен.
Македонската водителка Ирена Спировска добро познато е дека секогаш кога има прилика планинари или пак вози велосипед.
Меѓутоа, овој пат Ирена замина да ги наполни батериите во нашиот македонски бисер – Охрид.
Водителката отаму сподели неколку фотографии кои ќе се согласите дека се прекрасни и наликуваат на разгледница.
Фотките од езерото, од зајдисонцето, од плажата се вистински рај за очите, а секој би посакал за момент би посакал да се најде таму и да ужива во убавините на домашен терен.