Радио Милева

(ФОТО) Различни, а исти: Тамара и Лила облекоа идентичен модел на фустан!

(ФОТО) Различни, а исти: Тамара и Лила облекоа идентичен модел на фустан!

Малиот црн фустан е парчето кое секоја девојка и жена треба да го има во својот плакар, а со ова стилско правило би се сложиле сите модни експерти.

Нашата водителка Лила Филиповска и пејачката Тамара Тодевска и тоа како го знаат ова модно правило, па затоа довербата од изборот на ваквото безвременско модно парче и ја препишаа на македонската модна куќа Елена Лука, од каде Лила постојано е облечена, а не ретко тоа го прави и Тамара.

Па така, конфекцискиот број на една жена воопшто не е важен кога станува збор за ова парче гардероба, а двете наши познати дами ни повеќе, ни помалку се одлучија да изберат ист елегантен модел со долги ракави и нагласен струк.

Како едната, така и другата, наидоа на грст пофаллби на официјалната страница на модната ќука, па многуте припаднични на понежниот пол им порачаа дека и двете изгледаат елегантно и префинето, секоја на свој начин.

фото:elenaluka/facebook

To top