Глумецот Арнолд Шварценегер стана дедо. Неговата ќерка Кетрин Шварценегер и сопругот Крис Прат станаа родители.

Среќните вести ги потврди Патрик Шварценегер, братот на тазе мајката и синот на Арнлод Шварценегер.
„Супер се, само што ѝ купив мал подарок“, рекол Патрик додека му честитале што станал вујко.
Тој со камерата покажа каков подарок купил за новиот член на семејството, иако на подарокот имало розова лента, сите препоставуваат дека станува збор за девојче. Но, засега се уште не е потврдено.

Родителита на Кетрин, Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер исто така биле фотографирани кога го посетиле домот на Кетрин, но не се огласиле.