Радио Милева поздрав од балконот

Гавазова во позната поза за нова провокација на иста локација: Излезе Сузе право на тераса, па разголена ја поздрави народната маса (ФОТО)

Гавазова во позната поза за нова провокација на иста локација: Излезе Сузе право на тераса, па разголена ја поздрави народната маса (ФОТО)

Сузана Гавазова не е само една од најпопуларните, туку  без сомнение е и една од најатрактивните и најпровокативните пејачки во Македонија. Тивка, нежна, неизбежна, згодна, атрактивна, сексапилна… Сузето ја користи секоја можност да покаже повеќе во секој поглед. И низ песна и низ видео и фотографии.

Гавазова оддамна сфатила дека само од песната не се прави кариера, па затоа својот естраден пат кон успехот си го тера по теркот на светските и ѕвездите од соседството… Хит што влегува на прва во уво и што повеќе гола кожа што полни очи.

За таквата естрадна стратегија социјалните мрежи се како измислени, па затоа своите профили  атрактивната струмичанка речиси секојдневно ги полни со нови фотографии. Лето е, па и покрај сите здравствени неповолности, Гавазаова и во овие поинакви околности наожа начин да го покаже она со што мајка природа ја обдарила, а естетската хирургија го надградила!

Така надарена и тјунирана, фолкерката замина за Охрид, од каде подготвена за нова тура провокација се здаде во жешка акција. Новата фотсесија многу припаднички на поубавиот пол фрли во депресија, додека на оние од посилниот, Гавазова се повеќе им станува „фатална опсесија“.

А како и не би, кога она што го покажа на најновите фотографии ја бранува возбудата и скокотка фантазијата, откако Сузето одново покажа со каков телесен раскош располага. До душа, не ниту прв, а веројатно ниту последен пат Гавазова да ја видиме вака разголена, но сепак…

Желбата на нејзините фанови беше задоволена, откако пејачката јавно си праша, дали сакаат уште вакви фотографии?

А на нив Гавазова во позната поза за нова провокација на нова локација. Излезе Сузе со голо га*е право на тераса, па така разголена ја поздрави широката народна маса… Преку своите профили на социјалните мрежи, се разбира.

Она што не може да се види покрај камениот ѕид, јасно се гледа на балконот… Затоа и Гавазова е на фолк тронот, со можеби уште една-две колешки… Македонската „фолк кралица“ со најсекси задница!

 

To top