Радио Милева

За ова место ја врзуваат многу спомени: Лила го посети родното село на нејзиниот татко (фото)

За ова место ја врзуваат многу спомени: Лила го посети родното село на нејзиниот татко (фото)

Македонската водителка Лила Филиповска знае како да ужива за сите пари без разилка дали е дома или некаде на некоја егзотична дестинација.

Изминатите месеци додека траеше вонредната состојба и строгите мерки за заштита од коронавирусот Лила времето го поминуваше во својот стан во Скопје.

И поради пандемијата, водителката на „Се или нешто“ направи подолга пауза со снимањата на квизот, а како што истакна неодамна следната недела се враќа во студио и започнуваат снимањата на 10тата сезона.

Таа го користи секој момент да ужива во слободното време и да ги наполни батериите за престојните ангажмани.

Имено, неодамна се врати од одмор во Албанија каде што уживаше во летниот рај, потоа го посети нашиот Охрид каде што фаќаше боја на домашен терен.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/kako-lila-nema-druga-od-se-ili-neshto-do-sekade-po-malku-voditelkata-znae-da-uziva-za-site-pari/

Меѓутоа, изминатиот продолжен викенд, за пранзикот Илинден,  Филиповска посети вистинско парче од рајот, а како што вели таа таму го наоѓа својот мир.

Имено, водителка беше во Виниче, родното село на нејзиниот татко.

Таа во кусите приказни на „Инстаграм“ сподели неколку фотографии покажувајќи го дворот кој е преполн со цвеќиња и наликува на вистински рај.

фото: Инстаграм/лилафилиповска

Виниче се наоѓа на 8км од Скопје, на 611 км надморска височина. На 2  август, селото го празнува празникот „Св Илија“, а Филиповска истакна и дека тие го празнувале додека бил жив нејзиниот татко.

фото: Инстаграм/лилафилиповска

Во дворот во кој  преовладува зеленило и цвеќиња наликува на вистинска мала градина од која застанува здивот, вистински мелем за душа и рај за очи.

И самата Лила на објаснување на една фотографија истакна дека тука најдобро ги полни батериите и дека таков мир нема да друго место.

фото: Инстаграм/лилафилиповска

Oсвен што уживаше во мирот, тишината и убавините на нејзиното село, Лила проба и специјалитет кој го направи нејзината внука Галена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on

Веруваме дека водителката се потсетила на убави спомени, моменти, мигови и си ја разнежила душичката, ги наполнила батерии за следните ангажамни и снимања на „Се или нешто“, а гледачите едвај чекаат да се врати на ТВ екраните.

Потсетуваме,  таткото на водителката почина од рак во 2014 година.

To top