Радио Милева

Сара Мејс е скопска риба на Мавровско езеро: По породувањето и третманите за слабеење, пејачката првпат во бикини (фото)

Сара Мејс е скопска риба на Мавровско езеро: По породувањето и третманите за слабеење, пејачката првпат во бикини (фото)

Пред неколку месеци, пејачката Сара Мес си постави предизвик да се врати во посакуваната физичка форма, односно онаа или барем приближно истата како пред да ја роди својата наследичка Илина.

Истајна и упорна во намерата, Сара побара и помош од професионалци кои и овозможија разни третмани кои и помогнаа во слабеењето.

Сега, мама Сара е задоволна од себе, а кога една жена го чувствува тоа, се гледа од енергијата со која зрачи. Сара е токму во таа фаза кога вели дека повторно се сака себеси и од начинот на кој  изгледа.

фото:сара мејс/инстаграм

Таа моментално е на Маврово заедно со сопругот Димитар и ќеркичката Илина, а покрај обврската да се чува дете,  најде време и за себе и за позирање, а фотографиите на кои е во бикини, ги објави на Инстаграм профилот.

-Да се сакаш себеси е првата тајна до среќата, напиша Сара во описот на фотографиите каде на себе има розово – бели бикини, и најважниот аксесоар – широката насмевка.

фото:сара мејс/инстаграм

За скопската риба на Мавровско, многумина се сложија дека изгледа одлично!

To top