Промотер

Ефто Пупиноски со руска душа во „Кате, Катјуша“ (ФОТОВИДЕО)

Ефто Пупиноски со руска душа во „Кате, Катјуша“ (ФОТОВИДЕО)

Македонската фолк легенда, единствениот Ефто Пупиноски има нова песна. Иако некои други пејачи на негова возраст оддамна би биле музички пензионирани, Ефто не запира ниту со настапите ниту со песните. Така, покрај многубројните гостувања по разни угостителски објекти, локали, веселби, фестивали, домови на културата, саки, плоштади… најде време неодамна да издаде и нова песна.

Можеби малку атипична за наговиот стил на кој сме навикнале да го слушаме македонскиот фолк бард, но сепак и во неа Ефто звучи подеднакво моќно и убедливо.

„Кате, Катјуша“ е темата на која пејачот и вдахнал руска душа. Компонирана од самиот Пупиноски во манирот на традиционалниот руски фолклор, со иста таква, препознатлива лирика, стиховите за песната ги напишал Огнен Неделковски, додека аранжманот го потпишува Сашо Ливрински.

Во песната како гости се појавуваат и младите  Дарко Мицевски на хармоника и Сара Трајановска и Ана Димовска кои свират мандолини.

Како звучи новото фолкорно остварување на еден од најдобрите живи македонски фолк пејачи на денешницата, слушнете во продолжение прегледувајќи го фотовидеото за темата насловена „Кате, Катјуша“.

 

To top