Пејачката Александра Пријовиќ е на само три месеци до венчавката со Филип Живојиновиќ која е закажана за 21-ви јуни.
Таа деновиве е во потрага по венчаница, а признава и дека сака наскоро да се оствари во улогата на мајка.
Српските медиуми деновиве шпекулираат дека Пријовиќ брза со свадбата бидејќи е бремена, но таа не ги потврдува ваквите гласини.

-Тоа не нешто најуваво што може да му се случи на човек. Би работела и во таква состојба, би снимала песни, а не би ми било криво и да не биде како претходно, вели таа и додава:
-Во голем проблем сум со изборот на венчаница, открива пејачката која на големо ги подготвува сите свадбени детали.