Пејачката Јелена Карлеуша ја напушти Србија.
Додека нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ, е во карантин во Кина, Јеца замина налетување заедно со своите ќерки.
Имало – немало корона, пејачката не може без море, па замина на годишен одмор во Турција.
Таа сподели интересни моменти од одморот за своите следбеници на Инстаграм.
Со нејзините слатки ќеркички Атина и Ника, Карлеуша го користи секој миг од летувањето.
Од морска храна и специјалитети во луксузни ресторани, преку водени лудории и посети на подводниот свет…
…Па се до пливање во базенот, русокосата со двете ќерки ужива за сите пари, во секоја смисла на зборот.