Радио Милева

Илда Шаулиќ откри како се чувствува откако го изгуби бебето!

Илда Шаулиќ откри како се чувствува откако го изгуби бебето!

Илда Шаулиќ го изгуби бебето кое го чекаше со сопругот Бојан Вучковиќ.

Имено, пред помалку од еден месец, пејачката на социјалните мрежи сподели дека таа и нејзиниот сопруг ќе станат родители по вторпат.

Меѓутоа, неколку дена откако дознала дека е бремена, пејачката дознала дека е позитивна на корона.

Илда откри како се чувствува откако го загуби бебето.

„Кога ќе се земе во предвид низ се што поминав, добра сум. Секако, се уште чувствувам некои последици од интервенцијата, но се тоа ќе помине. Многу е важно што успеав да го сочувам внатрешниот мир, што се помирив со ситуацијата, а во тоа ми помогнаа пријателите и семејството кои се покрај мене и во добро и во лошо“ вели Илда, а пренесува „Глорија“.

фото: Принтскрин/инстаграм

„Целата моја сила е насочена кон оздравување бидејќи постојат луѓе на кои им сум потребна, особено мојата ќерка Ема. Токму поради неа морам да бидам силна и во најтешките моменти“, изјави пејачката.

Шаулиќ вели дека освен губењето на бебето многу тешко и паднало што требало да соопшти на нејзината ќерка дека нема да добие брат или сестра.

фото: Принтскрин/инстаграм

„За среќа, имам паметно и за своите години зрело дете. На секој кој ќе се јавеше на телефон му велеше дека ќе добие брат или сестра. Таа го прифати тоа како нешто пролазно. Таа е таква. Кога почина татко ми и велевме дека е на пат обидувајќи се на тој начин да ја пошедиме. Не знаевме како да ја соопштиме вистината, а таа да го разбере тоа. A потоа, во една прилика изјави: „Мојот дедо не е на пат, тој е меѓу ангелите“. Бевме шокирани, но знаевме дека не треба да криеме од неа такви работи“, заклучува Илда.

To top