Радио Милева созреана...

Анастасија Ражнатовиќ призна: „Се чувствувам како да сум во брак!“ (ФОТО)

Анастасија Ражнатовиќ призна: „Се чувствувам како да сум во брак!“ (ФОТО)

Анастасија Ражнатовиќ (22) вели дека се чувствува како веќе да е во брак со Ѓорѓе Куљиќ (31). Пејачката веќе четири години е во врска со момче од Нови Сад, од кого не се разделува, па затоа повеќе време поминува во Нови Сад отколку во Белград.

„Се сомневам дека бракот е поразличен од тоа да живееме заедно без потпис на хартија! Всушност, се надевам дека тоа воопшто не се разликува“ – рече ќерката на Цеца за „Здраво“ и истакна дека созрева со своето момче, со оглед на тоа дека се дружи со него уште од 18 години:

„Ѓорѓе е постар и поискусен, а јас, сакала или не, научив многу додека шетав со него и на некој начин, сега се чувствувам созреана. Нема ништо поубаво од тоа кога во еден момент ќе сфатите дека растете со некого, дека постојано сте мотивирани да бидете најдобрата верзија на себе, а во исто време да бидете своја и прифатена“ – констатира ќерката на Цеца.

Освен што е среќна во љубовта, Анастасија е задоволна и од нејзината кариера. Секоја песна што ја сними стана хит и таа е една од ретките јавни личности во Србија која може да се пофали со милион следбеници на социјалните мрежи! Пејачката признава дека ги чита коментарите под нејзините фотографии и дека ги брише вулгарните.

To top