Пејачката Ана Николиќ не крие дека нејзиниот свет се смени откако стана мајка, а сега сподели интимен момент со својата ќерка Тара.
Ана објави фотографија на која си игра со својата наследничка во кревет, пред да отиде на спиење и јасно стави до знаење колку ужива во мајчинството.
„Како се пишува љубовта?“ – напиша Ана на фотографија на која лежи на креветот во прегратка со нејзината ќерка и откри дека тие лудуваат и баш им е забавно секоја вечер пред спиење. Лајковите набргу се нижеа во бескрај, а со нив и коментарите: „Па, ова е љубов“, „Убава“, „Мајка и ќерка – најубави“…