Пандемијата со коронавирусот можеби не спречи да заминеме на некоја егзотична дестинација, на плажа покрај море и да ги полниме батериите подалеку од секојдневието.
Меѓутоа, тоа не ги спречи македонските дами да се расоблечат во бикини, некои за рекламирање на одредени брендови, некои за да уживаат на плажа во Охрид.
Македонската пејачка со руско потекло Викторија Лоба оваа година ја одложи свадбата со својот свршеник, а деновите во време на самоизолација најмногу ги поминуваше во нивниот дом во центарот на Скопје.
Иако, Лоба можеби поради короната нема да облече венчаница, таа облече бикини со цел рекламирање на еден одреден бренд.
Пејачката на својот „Инстаграм“ позира во неколку различни костими за капење, а во нив ги мами сите погледи.
На нејзината последна фотка, Викторија ја покажа својата совршена фиугра, односно рамниот стомак на кој може многумина да и позавидат.
Лоба е „красива“ во бикини!