Во рамките на „Скопско лето 2020“, на 27.07.2020 (понеделник) во просторот на „Куршумли Ан“ со почеток во 20:30 часот ќе со одигра премиерата на претставата „Не ми го чепкај пивото“.
Тоа е претстава за тројца патници кои во недостиг на вистинска љубов бараат љубов што не е вистинска. Еротика. Љубовни интереси. Соголување. Пиштол. Секс. Дрога. Пари. Власт. Моќ. Страст. Лага. Од се’ по нешто во нешто што е измрдано и не вреди, но постои и ќе го видиме.
Претставата „Нe ми го чепкај пивото!“ е авторски текст на актерите и режисерот инспириран по текст на Армуш Бериша Бели. Оваа театарска комедија е можност за љубителите на уметноста и театарот (низ многу смеа и позитивни вибрации) да ја согледаат сликата за луѓето во “градот”.
Инспирацијата актерите ја црпат од секојдневието кое го живеат, сведочат и од себе го вадат тоа што го сакаат за ликовите. Сите ликови носат своја комплексност за илузиите и стравовите на ова време. Станува збор за современа тематика за која денес слободно може да кажеме дека е модерна.
Режисер е Ѓорѓи Ризески, а актери кои ги играат улогите во претставата се:
Јулија – Надица Петрова, Срѓан – Давид Илиќ и Слободан – Бобан Алексоски. Кореограф и сценски движења- Ирена Лозинска, асистент режија- Тамара Стојаноска, сценограф- Мартин Манев, дизајн на плакат- Александра Таушанов и Владимир Димковиќ, камера и монтажа на видео- Доан Доѓан.
Претставата е во продукција на театарот „Златен елец“ Скопје.
ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ПУБЛИКАТА:
Согласно објавените протоколи бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжитело ќе биде почитувањето на препорачаните мерки:
– носење заштитни маски,
– мерење телесна температура
– одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во
гледалиштето,
– дезинфекција,
– влезот на публиката ќе започне во 20:00 часот
Согласно Протоколите заради регулирањето и контрола на бројот на публика ќе се продаваат влезници по ептен симболична, фестивалска цена.
Влезниците за настаните ќе се продаваат онлајн преку: kupikartizase.com или во салонот на „Југотон“ во Градскиот трговски центар.