Радио Милева

Емотивна исповед на Кија Коцкар: „Го гледав татко ми како ја тепа мајка ми, парче од стакло и „заби“ под око“

Емотивна исповед на Кија Коцкар: „Го гледав татко ми како ја тепа мајка ми, парче од стакло и „заби“ под око“

Победничката на првата сезона на „Задруга“, Кристина Кија Коцкар откри непознати детали од своето детство.

Во емиијата „Гламур“, Кија низ солзи раскажа низ што поминувала односно дека мајка и трпела физичко насилство од нејзиниот татко.

фото; принтскрин/јутуб

„Бев многу мала. Гледав како татко ми ја тепа мајка ми. Се сеќавам, го удирав, го молев да престане. Мајка ми носеше очила, па од ударот и се „заби“ парче стакло под окото. И рекоа дека имала среќа бидејќи можела полошо да помине. Често велев, не ми треба ништо кога немам татко. А кога отидов во болница, тој ми рече: „Што прави таа тука, јас немам ќерка“, вели Кија за „Хепи“.

Потсетуваме, Милош Коцкар почина пред крајот на првата „Задруга“ во која победи Кија.

To top