Холивудската актерка Џенифер Анистон постојано апелира на здрав разум и почитување на мерките за зашта од коронавирусот. Таа овој пат, преку социјалната мрежа Инстаграм објавила фотографија на која е нејзин пријател, а која потресе многумина.
На фотографијата бил нејзиниот пријател Кевин, кој е хоспитализиран поради Ковид-19.
„Ова е нашиот пријател Кевин. Совршено здрав, без никаков здравствен проблем. Ова е Ковид. Ова е реално. Не можеме да бидеме толку наивни за да помислиме дека можеме ова да го надминеме. Ако сакаме ова да заврши, а сакаме, единствениот чекор кој можеме да го преземеме, ве молам, е да носиме маски“, напишала Џенифер.
Таа на многумина им порачала само да помислат на сите кои настрадале од овој опасен вирус.
„Направете го тоа за вашето семејство, а најмногу поради вас. Ковид ги напаѓа сите старосни групи“, навела таа, и додала дека фотографијата е направена на почетокот на април и дека Кевин се опоравува од коронавирусот.