Радио Милева говорот на телото

Ќе се шокирате кога ќе видите која наша фолкерка е на оваа ретро насловна: За речиси две децении драстично се промени или…? (ФОТО)

Ќе се шокирате кога ќе видите која наша фолкерка е на оваа ретро насловна: За речиси две децении драстично се промени или…? (ФОТО)

За ралика од денес, во Македонија некогаш имаше мнгоу повеќе печатени медиуми, дневни весници, магазини, ТВ шоуа… каде што македонската естрада имаше простор каде да го промовира сработеното, но и себе.

Па така во тоа поубаво време, како за медиумите, така и за естрадата, македонските пејачи, водителки, манекенки… често ги красеа насловните страници кои тогаш и тоа како се продаваа, а не ја собираа уличната прашина изложени пред уличните трафики.

Токму на тоа време и период од кариерата се присети нашата фолк пејачка Елена Велевска, која на кусите Инстаграм приказни објави фотографија од некогашниот „Екран“ од 2003 година.

Провокативна како и секогаш, со црна коса и во центарот на насловната страница од тоа далечно време пред деценија и половина. И повеќе од јасно е колку време Елена опстојува на музичката сцена и работи на својата кариера, но она што прво „паѓа во очи“ е нејзиниот драстично поразличен изглед од пред 15 години и оној сега.

Евидентно е дека Велевка зрее како добро вино, па денес и тоа како може да се пофали со својата атрактивност, женственост и сексапил.

Стана мајка на три деца, но како вистински професионалец со јавна професија, не го запостави изгледот, туку напротив, стана позгодна од било кога.

 

„За секоја јавна личност најважно е да умее да се носи со трендот, со времето, годините и личниот живот“ –  изјави во една прилика пејачката.

„Говорот на телото“ е насловот на ретро насловницата на „Екран“, по насловот на песната која дури во 2020 година ќе го добие и својот видеоспот во кое фолкерката изгледа ултрасекси, нудејќи нормен еротски набој и неодолив телесен раскош…

Елена Велевска покажа дека и „гревот има светла страна“: „Говорот на телото“ – вертикално видео во кое пејачката најмногу е во „хоризонтала“! (ВИДЕО)

А како и не би, кога Елена очигледно и повеќе од добро го разбира својот природен порив за промени во склад со времето, трендовите и секако сопствените потреби.

 

To top