Пејачката Дуа Липа неодамна ја честиташе 12-годишнината од т.н. независност на република Косово, со фотографија од картата на Голема Албанија, која предизвика лавина од коментари.
Покрај неа и пејачката Рита Ора, исто така, сака секојдневно да провоцира, гордо потенцирајќи нејзиното албанско потекло. Таа беше ангажирана од косовските власти дури и пред две години и пееше во Приштина за Денот на независноста.
Сепак, овие потези наидоа на критики од многумина, а еден од нив е и српскиот пејач Аца Лукас, која жестоко реагираше со своја објава на својот Инстаграм:
„Косово е Србија! Дувај Липа! Господа, со извинување до сите оние кои напишаа нешто паметно, ќе бидам принуден да ги исклучам коментарите. Причината е очигледна! Ненадејната појава на разни неписмени, необразовани, невоспитани неандерталци ме натера да го сторам тоа. Не ми паѓа на ум ова да прерасне во расистичка кавга помеѓу болни и фрустрирани идиоти! Секој што ме познава, многу добро знае дека пеам со чисобраз во сите делови на екс ЈУ,и ќе продолжи да биде така! Сепак, мојата совест и образ диктираат, за разлика од неа, мене никој не ми плати за ова, да го искажам моето незадоволство и со почит кон сите религии и нации, чиј патриотизам ги почитувам сите, ќе ми дозволите да и одговорам на нејзината провокација! Тоа е мое право и никој не може да ми го негира! Пцуењето упатено кон мене од разни нереализиран и фрустрирани ликови не ми пречи, но нема да дозволам ова коментирање да прерасне во шовинистичка оргија на разни бадијалџии и кретени! Што имав,кажав. И тоа е само одговорот на оноа што го рече дотичната пејачка! Благодарам“ – напишал Лукас веднаш до фотографијата на која на двете пејачки им ги покажува двата средни прста.