Пејачката Гоца Божиновска има три деца. Првата ќерка ја доби со Раде Вучковиќ, a станува збор за пејачката Јелена Вучковиќ.
Речиси секој го познава нејзиниот син Мирко, кој го доби во бракот со Зоран Шијан, а во последно време Мирко е актуелен во медиумите преку неговото пријателство со Вељко Ражнатовиќ и неговата врска со сестрата на Богдана Ражнатовиќ, Бојана Родиќ.
Гоца неколкупати истакна дека е многу горда на својата помлада ќерка Зорана, која е помалата сестра на Мирко.
Зорана е многу скромна и не сака премногу да биде изложена во јавноста, а Гоца еднаш рече дека добила работа веднаш по колеџ и дека е многу вредна, но и десна рака во домаќинството.
Како и да е, Зорана млада и атрактивна девојка и многу потсетува на нејзината мајка Гоца.