Синот на Цеца Ражнатовиќ, Вељко неодамна го крсти синот Жељко, а на Инстаграм објави фотографија со својот кум, сопругата и бебето со коментар:
“Денес, на големиот српски празник и денот на ослободување на српскиот народ, го крстивме нашиот наследник. Куме, со среќа! Правете деца и воспитајте ги да бидат патриоти. Бог да ве благослови. Да живее српскиот народ”, напиша младиот Ражнатовиќ, по што фотографијата е отстранета од неговиот профил!
Ражнатовиќ набрзо напиша дека сликата е отстранета бидејќи е „пријавена од стока“, а потоа повторно го објави истото.
– Бидејќи стоката пријавува, ајде повторно. Крштевањето на Жељко на денот на ослободувањето на српскиот народ и голем празник. Куме, со среќа.
Наводно, фотографијата била пријавена заради поединци кои го толкувале овој пост како провокација или националистичка, па затоа го пријавиле на модераторите како „говор на омраза“.