Младата пејачка Антониа Гиговска периодов е турбо активна на социјалните мрежи.
Неодамна и постави предизвик на колешките да се фотографираат без шминка, потоа бараше приказна односно предлог сценарио од следбениците за нејзиниот нов музички спот, па смени имиџ и ја обои косата розова, а положи и возачки испит.
А лето како лето, некако не оди без разголени фотографии во бикини, како за повеќето, така и за Гиговска.
-Го сакам моето тело без опглед на се’. Мојата нова коса е моето ново патување – пишува Антониа во описот на провокативните фотографии.
Имено, таа позира клекната во сино бикини, а долниот дел на костимот го потегна нагоре.
Оваа поза не им се допална на многумина од следбениците кои и искоментираа дека ваква поза не и беше потребна и дека им наликува на старлета.
-Прекрасен глас имаш и толку си успешна во тоа што го правиш, да ти е комплетно непотребно да се сликаш така како некоја старлета.Млада си и преубава, не ти треба ова. Поздрав – гласеше коментарот, а токму на истиот се надоврзаа многуимина и кажаа дека се согласуваат со него.
Како и дали Антониа ќе возврати на вакците реакции или пак следно ќе смисли некоја нова поза, останува да видиме.