Македонската пејачка и учесничка во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска и нејзиниот сопруг Гуте Маринковиќ пред повеќе од еден месец станаа родители.
Имено, нивното семејство се прошири за уште еден член поточно тие добија син за кој го одбраа името Максим.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/na-ist-den-kako-i-snaata-na-ceca-se-porodi-i-elena-milenkovska-dobredoje-maksim/
Елена и Гуте се отворени и од јавноста не ги кријат убавите работи што им се случуваат на приватен план.
Така, Елена често на „Инстаграм“ објавуваше фотографии од својата бременост покажувајќи го труднчкиот стомак, го открија полот и името на бебето.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/elena-milenkovska-go-spodeli-momentot-koga-gute-prv-pat-go-vide-sinot-pa-potona-vo-emocii-mashka-sredba-so-more-od-solzi-radosnici-foto/
Откако, Миленковска се породи, таа и Гуте објавија неколку од фотографии од наследникот Максим посветувајќи му емотивни пораки.
Меѓутоа, Елена сега за првпат го покажа линценцето на синчето.
„Веќе помина 40 дена….Секогаш се прашував како времето лети кога луѓето се среќни, радосни, полни со љубов. Те чекав цел мој живот, фантазирав за твоите очи и најубавата насмевка на светот. Кога првпат ми се насмеа застана целиот свет. Чудесна насмевка, така ја нареков. Насмевка која ја лекува мојата душа, моето тело и срце. Насмевка која ми дава сила. Насмевка која ме мотивира. Ти благодарам што не одбра нас да ти бидеме родители“, пишува Елена на фотографијата на која позира со синчето.
Инаку, Елена деновиве се фрли и на физичка активност за да се ослободи од вишокот килограми по породувањето.
„Физичката активност по породувањето е една од најдобрите работи кои може да ги направите за себе и своето здравје“, пишува Миленковска во описот на објавата каде што е на трака за трчање/пешачење.
Потсетуваме, Елена и Гуте се запознаа во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, по неколку месечна врска се свршија, а кон почетокот на годината ставија потпис во матично во Србија, а во февруари оваа година направија свадба во Скопје.