Радио Милева

Мистериозна смрт на бремената „Јујуб“ ѕвезда – починало и бебето

Мистериозна смрт на бремената „Јујуб“ ѕвезда – починало и бебето

„Јутјуб“ сензацијата Никол Теа, која беше во осумиот месец од бременоста, почина заедно со своето неродено дете.

Веста за смртта на Никол ја потврди нејзиниот партнер, таткото на нејзиното неродено бебе.

Никол имала само 24 години, а не се знае од што починала само неколку недели пред да се породи.

„Јутјуб“ вездата на својот канал го сподели „патот“ кон мајчинството со своите следбеници, а претходно објави дека очекува син кој ќе го го носи името Рајн.

Нејзиниот партнер Џефри Фримпонг објави дека Никол снимила неколку видеа пред нејзината смрт, и дека тој ќе ги објави заради нејзините 83.000 претплатници на каналот.

To top