Пејачот и добро познат учесник во реалните шоуа, Милан Обрадовиќ, попознат како Мики – Меќава, се вклучи во живо во емисијата „Премиера“ и во таа пригода откри каква е неговата состојба сега, откако дозна дека е заразен со коронавирусот.
Последните три, четири дена бев многу подобро. Ова е мојот дванаесетти ден во болницата, но ова досега го немам доживеано“ – рече тој на почетокот на разговорот и додаде:
„Отидов во Прокупље и мислев дека ме фати фатил провев. Сепак, не беше така. Температурата почна да ми се качува, дури достигна и до 39,5. Имав навистина висока температура. Пријавив во клиниката за ковид и резултатите покажаа дека сум негативен. Јас, исто така, направив рентген снимка на белите дробови, каде што се покажа дека белите дробови ми се чисти. Подоцна се покажа дека мора да се направи скенер, а не рендген, и тогаш сфатив дека белите дробови ми се заразени“ – рече Мики Меќава, кој потврди дека цело време бил внимателен, но…
„Се грижев многу за себе, ги откажав тезгите, дури и заминав на село. Знам дека овој вирус е многу опасен, имав пневмонија неколку пати во животот. Сега не ги чувствувам колку ме болат белите дробови. Почнав и да плукам крв. Болницата е преполна, би сакал да им се заблагодарам на здравствените работници“ – вели пејачот.
„На овие луѓе, а не орден, не знам што треба да им се даде… Тука има сестри кои веќе ја прелаежале короната, кои едвај истуркале и еве каде се, работат и денес … Знаете што? Додека ние се шеткаме наваму-натаму, тие работат и не знам како некому се’ уште не му е јасно дека треба да се придржуваме кон протоколите заради себе, но и заради нашите најблиски“ – заклучува Мики.