Радио Милева

Анабела и Луна не се во контакт по финалето на „Задруга“: „Чувствувам дека ја изгубив“

Анабела и Луна не се во контакт по финалето на „Задруга“: „Чувствувам дека ја изгубив“

Анабела Атијас во третата сезона на „Задруга“ освои четврто место, а по излегувањето за пинк.рс откри каков е нејзиниот однос со Луна, Гаги, Андрија..

„Необјасниво е колку сум среќна…не знам. Не можам да најдам вистински зборови да го опишам тоа. Направив нешто што ми беше потребно за да продолжам понатаму  и на овие луѓе кои им останав должна со внимание, љубов…Се што изгубија поради мене бидејќи бев премногу фокусирана на „Задруга“, вели Анабела.

Таа објаснува дека со Луна повеќе ништо нема да биде исто.

фото: Пинк

„Не знам дали ми се јави и дали ми пиша, чекајте да проверим…Од вчера од финалето немаме никаков контакт. Не очекував дека ќе има контакт со мене, чувствував дека ја изгубив. Тоа ме убиваше последните денови затоа чувствувам дека ја изгубивме близината. И таму во „Задруга“ прифатив со неа да одам на Рајски остров бидејќи тоа можеби ни беше последна прилика да бидиме блиски, да бидеме она што некогаш бевме. Тоа што се зборува е едно, но другото…Не ја осудувам, има право да прави што сака. Некои работи треба да ги пуштиме. Јас сакам да се посветам на моето семејство, да им надополнам, а Луна си има свое друштво во кое е среќна“, вели Атијас.

Таа вели дека никогаш не престанала љубовта со Андреј и дека повторно планираат свадба.

„Јасно е, нашата последна средба беше на тоа ниво што не е нејасно на што сме. Кога ми беше најтешко, тој ми рече: „Јас доаѓам по тебе, пакувај се и одиме“. Тој навистина ме знае во најлошо светло, а јас често го навервував како маж, му велев: „Ти утре ќе тргнеш по друга, ќе си заминеш“. Цел живот му барав лојалност и љубов. Никогаш не престанав да го сакам“, вели Анабела, а на прашањето дали повторно би се омажила за Андрија, вели:

фото: Пинк

„Планиравме тоа да го направиме, иако хартијата ништо не ни значи, јас отсекогаш се чувствував како негова жена. Зборувавме за тоа и пред „Задруга“, па не сме, но јас би сакала. И Бланкица навива, претходниот шат беше во стомак, а сега сака да оди на свадба. Сигурно тоа ќе се случи“, заклучува Анабела.

To top