Наташа Којиќ, ќерката на пејачот Драган Којиќ Кеба, со години живее во Америка, каде што моментално работи и не размислува да се врати во Србија. Публиката се сеќава на неа како русокоса, сепак, од нејзиниот настап во „Безовизија“ во 2001 година, многу се промени.
Наташа дипломираше средно музичко училиште, а потоа музичка академија и решила да ги живее своите соништа во земјата на шоу-бизнисот. Дипломирала и на Музичкиот колеџ „Беркли“, а покрај тоа што се занимава со музика, се проба и во глумата.
Наташа успеа да добие помала улога и играше заедно со Леонардо Ди Каприо во филмот „Волкот од Вол Стрит“.
Којиќ е многу активна на социјалните мрежи, и често објавува фотографии, а на многумина им е тешко да ја препознаат. Имено, таа денес изгледа сосема поинаку отколку кога беше на почетокот на нејзината кариера.
Таа ја смени бојата на коса по која беше препознатлива, сега е бринета. Многумина коментираат дека Наташа имала уште неколку интервенции на лицето.