Богдана и Вељко Ражнатовиќ го крстија својот син денес на 40 дена од неговото раѓање.
– Денес, на големиот српски празник и денот на ослободување на српскиот народ, го крстивме нашиот наследник. Куме нека е со среќа! Правете децатадеца и воспитајте ги да бидат патриоти, Бог да ве благослови сите. Да живее српскиот народ! – сподели Веjко Ражнатовиќ
Ова е исто така е прва фотографија на малиот Жељко што е објавена, а потоа следеше фотографија и од баба Цеца и од тета Анастасија.
Како што пишува Блиц.рс, само членовите на најблиското семејство присуствувале на крштевањето, во Храмот Свети Сава во Белград, а семејството Ражнатовиќ сакало церемонијата да биде интимна и подалеку од очите на јавноста.
Крштевањето беше извршено на пладне, по што отидоа на семеен ручек.
Патем, кумот на малиот Жељко е пријател на Вељко, Никола Вавиќ.