Нов ден – нова провокација на белградската „скандал дама“, која не можејќи да ја поднесе пеколната жештина, ја употреби сета своја вештина за да се разлади. Јелена Карлеуша едвај дочека да најде малку време за да се испромовира и себе си и своите нови костими за капење, па така разголена во мини бикини во различни живи бои, направи мини фотосесија.
Светло зелената комбинација е за спорт и релаксација: Мини бикини и спотски патики во истиот колорит и девојката со точакот е подготвена за првиот велосипедски спринт. Остана само дилемата дали со таков „заден потенцијал“ просторот за седење не е премал, ама Карлеуша е искусна дама, па ќе знае да се снајде, како „задното обло тежиште“ да го смести на минијатурното велосипедско седиште.
По возењето со велосипедот следува промена на испотениот костим за капење во нова боја: Розова комбинација за релаксација и освежување крај шанкот. Шмекерска поза во која не знаеш каде попрво да гледаш: Дали во голите гради што срамежливо ѕиркаат од белата сечена маичка на естрадната уметничка или таму каде што е “најрозе“ – во пределот на препоните на нејзините долги нозе?!
А кога велосипедот и „шанкирањето“ ќе ти здосадат, доаѓа ред за еден добар сладолед… на стапче! Овој пат во комплет со нова, тиркизна ултра мини – бикини комбинација, за дополнителна еротско-модна провокација.
И додека мечтите сами се нижат, а адреналинот неповратно расте, русокосата продолжува задоволно да се разладува и насладува. Впрочем, Карлеуша знае како да (ви) освежи душа. Во нејзината уста, сладоледот сам се топи, а од погледот на неа, ќе се стопите и вие.